• office@redi-ngo.eu

Повик за експерти за апциклирање на гуми

Operating Countries:

Reference: Expert for Upcycling

Deadline: 03.11.2023

Type of position: Full time/Part time

GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.

 

                   БАРАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА

ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА КОНСУЛТАНТСКА УСЛУГА

„ Ангажирање на експерт за спроведување на еднодневна работилница за

апциклирање на гуми “

 

 

Почитувани,

 

За потребите на проектот „ Градиме ЕКО Навики “, финансиран од Фондација за Отворено Општество Македонија, Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ Скопје, спроведува постапка за прибирање на понуди за набавка на услуга „ Ангажирање на експерт за спроведување на еднодневна работилница за апциклирање на гуми “.

За таа цел, Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите РЕДИ Скопје, Ве поканува да доставите понуда за услугата опишана подолу.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горенаведениот предмет најдоцна до 3 ноември 2023 година во 16:00 часот, на следната е-маил адреса redimk@redi-ngo.eu . Комисијата на РЕДИ Скопје ќе направи евалуација на понудите и ќе Ве информира за избраната понуда.

Со оваа покана ви доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.

Ви благодариме на соработката.

РЕДИ Скопје                                    

 

 

Договорен орган:

Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ Скопје.

 

Предмет на договорот за набавка:

Предмет на договорот е набавка на услуга Ангажирање на експерт за спроведување на еднодневна работилница за апциклирање на гуми “.        

 

 

 ОПИС НА ЗАДАЧИ

 

Поврзаност со активности на проектот:

Активност A5: Организирање на работилница за 20 Роми да научат техники и идеи за креирање на иновативни еко производи од употребени гуми и други рециклирани материјали.

 

  1. Контекст на задачата

 

А5.5: Организирање на работилница за 20 Роми да научат техники и идеи за креирање на иновативни еко производи од употребени гуми и други рециклирани материјали.

 

Оваа активност е една од клучните активности која има иновативен карактер и придонесува кон креирање на вештини преку циркуларната економија. Работилницата таргетира 20 учесници од ромската етничка припадност со цел градење на вештините на ранливите групи и влијание врз стереотипните размислувања. Учесниците практично ќе бидат обучени од страна на експерт како да изработат еко прозиводи од веќе користени гуми и други користени материјали. По завршената работилница, учесниците на работилницата ќе имаат рок од две недели да направат еко производ од веќе употребени гуми или други користени материјали и да ги презентираат своите производи. РЕДИ ќе избере 3 најдобри еко производи и ќе додели парични награди во износ од 550 УСД (30.910,00 денари) ( прво место), 350 УСД (19.670,00 денари)(второ место), 250 УСД (14.050,00 денари)(трето место) и тримесечна бесплатна менторска поддршка за развој на бизнис идеја и еко производ. Финалните производи и наградите ќе бидат промовирани во завршниот еднодневен настан на проектот “Градиме ЕКО навики“ за поддршка и промоција на циркуларната економија. 20те готови производи ќе бидат приложени во аукција за продажба. Прибраните средства од продажбата ќе се инвестираат во воспоставување на канти во општината Шуто Оризари.

 

 

  1. Цел на задачата

За реализација на активноста предвидено е да биде ангажирана компанија или физичко лице со значајно искуство во областа на апциклирање и заштита на животна средина за потребите на проектот.

 

 

Извршителот ќе биде задолжен за остварување на следните задачи:

  1. Да подготви методологија на работење
  2. Да организира еднодневна работилница за 20 Ромски учесници.
  3. Менторирање на учесниците на обуката во рок од една недела за финализирање на еко производите
  4. Презентација на учесниците за влијанието на отпадот врз животната средина и негово намалување преку апциклирање и рециклирање на секундарните суровини како гуми, пластика, хартија и сл.

 

  1. Опфат на задачата, активности и резултати

Извршителот треба да ги реализира следните активности при релизација на зададените задачи:

  • Да одржи три состаноци со тимот на РЕДИ
  • Да подготви методологија на работење
  • Да имплементира еднодневна работилница со 20 учесници (практични сесии на кои учесниците ќе научат различни техники за апциклирање, да се дискутира за влијанието врз животната средина од повторна употреба на гумите и да се нагласат безбедносните упаства и мерки на претпазливост при работа со гуми)
  • Да обучи 20 Роми да стекнат знаење и вештини за апциклирање на гуми.
  • Да ги следи учесниците при финализирање на еко-продуктите во текот на една недела

 

  1. Период на имплементација

Селектираната компанија или физиќко лице би требало да започне со извршување на задачите на 6ти ноември 2023 година. Периодот за спроведување на задачите од договорот е наведен во табелата подолу.

 

Реден број

Задача

Предвиден период на реализација

1

Да се подготви методологија за работење

До 10 ноември 2023

2

Да се имплементира еднодневна работилница со 20 учесници

До 20 ноември 2023

3

Да се следат учесниците при финаизирање на еко-продуктите во текот на една недела

 

До 28 ноември 2023

4

Да се поднесе завршен извештај

30 ноември 2023

 

  1. Финансиска понуда и начин на плаќање

Финансиската понуда треба да биде изразена во денари и да се поднесе во „Прилог 1 – Образец за понуда“. Покрај целосната сума, понудата може да биде претставена и разделена според задачите дадени во табелата погоре. Проектот „ Градиме ЕКО Навики’’ Финансиран од Отворено Општество Македонија.

Плаќањето ќе се изврши по завршување на сите задачи од договорот.

 

  1. Барања за апликантите

Компаниите кои ќе бидат поканети да поднесат понуди ќе бидат оценувани врз основа на нивната финансиска понуда и портфолиото на компанијата.

За понудата да биде прифатена и евалуирана, компаниите ќе треба да испратат:

  • портфолио на организацијата (професионална биографија (CV) на експертите од областа, референци за компанијата) со кое се потврдува нивното искуство во полето на заштита на животна средина
  • финансиска понуда за целиот ангажман (Прилог 1), и
  • изјава за непостоење на услови за исклучување (Прилог 2)

Физичките лица кои ќе бидат поканети да достават понуди ќе бидат оценувани врз основа на финансиската понуда, доставената професионална биографија (CV) и референци

Евалуацијата ќе ја спроведе комисија составена од три члена од тимот на РЕДИ. За носител на набавката ќе биде избран оној Извршител чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:

Цена …………………………………………………………………………………………………. 50 бодови,

Портфолио………………………………………………………………………………………… 50 бодови.

 

За критериумот цена се утврдени вкупно 50 бодови. При евалуацијата, најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена.

 

За критериумот потфолио се утврдени вкупно 50 бодови. При евалуацијата на понудите врз основа на критериумот портфолио, ќе се земат во предвид предходните ангажмани на компанијата на иста или слечна тема како и предметот на овој договор.

 

  1. Известување, мониторинг и евалуација

Работата на компанијата или физичкото лице ќе биде следена и оценувана од претставници на проектниот тим на РЕДИ. За таа цел повремено ќе бидат организирани состаноци за да се утврди прогресот и да се договорат насоки за следните чекори. Компанијата или физичкото лице ќе има обврска да поднесе завршен извештај за својот ангажман на македонски или англиски јазик. Извештајот треба да биде изразен на најмалку 10 страници и да ги содржи сите материјали кои биле создадени за време на ангажманот, како и да ги одразува активностите кои компанијата ги спровела.

  Начин на доставување на понуда

Документите заедно со финансиската понуда Прилог 1 (Образец на понуда) и изјавата од Прилог 2 треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: redimk@redi-ngo.mk најдоцна до 03.11.2023 година со назнака (предмет) „Понуда за еднодневна работилница за апциклирање“. Понудата и изјавата треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице доколку е правен субјект.

Доколку понудата ја достави физичко, документи заедно со финансиска понуда и Прилог 1 треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: redimk@redi-ngo.mk најдоцна до 03.11.2023 година со назнака (предмет) „Понуда за еднодневна работилница за апциклирање“. Понудата и изјавата треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице доколку е правен субјект.

 

Доколку не е доставена комплетната документација, добиените понуди нема да се земат во предвид при евалуација.

 

 

 

 

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Здружението Иницијатива за Економски развој на Ромите РЕДИ Скопје на адреса ул.Црвена вода бр.37-1, или на тел: 02 3060-761, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот или електронски на е-маил адресата: redimk@redi-ngo.eu.

Селектираната компанија или физичко лице ќе биде известено за одлуката во рок од три дена по затворање на повикот. Компаниите кои не биле селектирани ќе добијат известување за изборот откако договорот за ангажман ќе биде потпишан.

 

 

 

 

Deadline: 03.11.2023