Отворен повик за возач на камион
Operating Countries:
Deadline: 30 Mar 2022
Start Date: Immediately
Type of position: Full Time
GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.
Опис
ДУСО РЕДИ Рециклажа ДООЕЛ Скопје објавува повик за вработување на возач на камион со Ц категорија.
Кои сме ние
РЕДИ Рециклажа е ДООЕЛ компанија основана од Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ. РЕДИ Рециклажа е компанија со бизнис модел на социјално претпријатие чија мисија е да ги организира и формализира неформалните собирачи на отпад при воспоставување на систем за примарна селекција на отпад.
Одговорности
Полно работно време (8 часа) кое вклучува:
- Управување со камион за локален транспорт на секундарни суровини исклучиво на територијата на град Скопје;
- Растоварање на камионот при достава до преработувачите на секундарни суровини;
- Мапирање на други теренски работници;
- Мапирање на објекти за селекција на отпад во град Скопје;
- Соработка со собирачите на секундарни суровини;
- Постојана комуникација со супервизорот на тимот;
- Пополнување временска картица за работни часови;
- Стекнување искуство и прибирање податоци за собирање и транспортирање на различни видови отпад;
- Промоција на работата на ДУСО РЕДИ во ромската заедница и пошироко;
- Подигнување на свеста на населението за важноста на правилното селектирање на отпадот;
- Учество во обука за управување со неопасен отпад.
Услови
- Возачка дозвола од Ц категорија;
- Завршено формално образование (основно, средно или високо);
- Практично искуство во собирање податоци и мапирање;
- Искуство во управување со отпад (поволно);
- Добри комуникациски вештини;
- Силни организациски вештини;
Способност за вршење повеќе задачи истовремено.
Deadline: March 30, 2022
Рок на аплицирање
Повикот е отворен до 30.03.2022 год.
Сите заинтересирани може да се пријават преку испраќање на CV на меилот recycling@redi-ngo.eu
За повеќе информации и прашања контактирајте не на: recycling@redi-ngo.eu и тел. Број +389 23 060 761