• office@redi-ngo.eu

ROMA DIGITAL BOOST 2021: ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

Како одговор на пандемиската криза COVID-19 и нејзините ефекти врз формалниот и неформалниот бизнис сектор и учество во Оперативниот План на АВРСМ, РЕДИ ја најавува програмата ROMA DIGITAL BOOST 2021, чија цел е развој на претприемнички капацитети на 30 бизниси раководени од Роми во Северна Македонија. Програмата ќе ги оспособи учесниците со претприемнички, лични и импакт ориентирани вештини кои ќе придонесат за зголемена можност и потенцијал за раст и развој на бизнисите (формални и неформални) раководени од Роми.

 За програмата ROMA DIGITAL BOOST 2021

ROMA DIGITAL BOOST 2021 програмата е акцелераторска програма чија цел е пренесување на знаење и вештини на 30 бизниси раководени од Роми за нивна трансформација од традиционален бизнис во дигитален бизнис. Конечната цел на акцелераторската програма е да го поддржи отворањето на 30 онлајн продавници раководени од Роми.
ROMA DIGITAL BOOST 2021 ќе им послужи на специфичните потреби на 30 ромски претприемачи од Северна Македонија кои се добитници на финансиката поддршка од програмата Самовработување со грант на АВРСМ и на претприемачите погодени од кризата COVID-19 за да ја рестартираат и подобрат нивната бизнис активност. И двете групи, формални-неформални и стартап бизниси раководени од Роми директно ќе имаат корист од програмата. Жените претприемачи Роми се особено охрабрени да учествуваат во акцелераторската програма.

Програмата е финансирана од Regional Cooperation Council (RCC), Европска Унија и е поддржана од USAID и Фондација Отворено Општество.

Програмата Roma Digital Boost 2021 е базирана врз практична методологија која ќе опфати две компоненти:

  1. Bootcamp (5-7 Ноември, 2021): програмата ќе започне со три дневен Bootcamp со цел пренесување на знаење и вештини на 30 бизниси раководени од Роми во следните области: 

Модул 1: Дефинирање на Процесите во Една Фрима

Модул 2: Oснови на Водење Фирма и Имплементирање на Одобрените Проекти на АВРСМ    

Модул 3: Креирање на Бренд Идентитет и Продукт Фотографија

Модул 4: Е-Комерц и Онлајн Присуство (Креирање на Онлајн Продавница и  Процеси на Дигитализација)

Модул 5: Онлајн Маркетинг ин Продажба

Секој од модулите опфаќа неколку под-тематики кои ќе користат методологијата на интерактивен пренос на знаењето со кратка презенација и групна работа.

Сите трошоци (патни трошоци, хотелско сместување и храна) поврани со настанот ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Учесниците наврмено ќе бидат информирани за сите детали  и промени (ден и место) околу одржувањето на настанот.

  • Индивидулано менторирање на бизнисите (3 сесии x 5 часа)

Целта на овој дел од програмата е обезбедување на менторска и техничка поддршка на претприемачите кои учествуваат во програмата. Тим од ментори ќе работат дирекно на терен со учесниците,  на лице место каде што претприемачите ги водат своите  бизниси. 

Менторската поддршка ја следи работата на секој претприемач поединечно и им помага во процесите за дигитализација. Менторската поддршка  е во насока на тоа како полесно да го изградите Вашиот бизнис како препознатлив бренд, како да сте присутни во онлајн сферата, како да остварувате продажба онлајн, (како на пример: водење на социјални мрежи, администрација на профилите на социјалните мрежи, креирање на содржина и продукт фотографии кои ќе привлекуваат повеќе клиенти), но и како да го подобрите досегашното работење.

Една од целите на овие сесии е и зголемување на капацитетите на бизнисите, поставување таргети и ширење на бизнисот и на други пазари.
На кратко, целта на овој дел е да се даде индивидуално знаење на секој претприемач за јакнење на претходно детектирани слабости. 

  • Oпрема за дигитализација и пристап до онлајн платформи

Најуспешните и најактивните бизниси во текот на програмата ќе добијат опрема за дигитализација која ќе биде употребена во ментроските сесии.

Кој може да аплицира:

Поканети се сите грантисти на програмата „Самовработување со Грант на АВРСМ“ и сите други заинтересирани ромски претприемачи од Северна Македонија кои сакаат да ја развијат својата бизнис активност преку дигиталните платформи, без оглед на видот на бизнис активност и правната форма, да аплицираат на Roma Digital Boost 2021 програмата. Охрабрени се да аплицираат формални и неформални трговци, даватели на услуги, продавачи на отворени пазари, сопственици на мали бизниси, производители и жени Ромки.

 Процес на селекција:

Учесниците ќе бидат избрани преку конкурентен процес заснован на претприемачкото искуство, мотивацијата и потенцијалот на кандидатот за развој на бизнисот во дигиталните платформи. Приоритет ќе имаат жените Ромки и грантистите на АВРСМ. Избраните кандидати ќе бидат информирани од страна на РЕДИ

 Како да аплицирате:

Од кандидати се бара да го пополнат формуларот за аплицирање онлајн во следниот линк: Акцелераторска програма – ROMA DIGITAL BOOST 2021 – Google Forms

Кој е крајниот рок?

Аплицирајте онлајн до 21 Октомври 2021 година. Апликациите поднесени по крајниот рок нема да бидат земени во предвид .
Ако имате какви било прашања, ве молиме контактирајте го РЕДИ на romadigitalboost@redi-ngo.eu или на 076/805-651.