• office@redi-ngo.eu

Практикантска работа во Микрофинансиски институции за млади Роми

Operating Countries:

Reference: Intern Microfinance

Deadline: 31.07.2023
Start Date: 01.09.2023

Type of position: FullTime

GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.

Работно време: Полно работно време

Период: 6 месеци

Локација: Филијалите во Битола, Велес, Кочани и Струмица

Иницијативата за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) објавува повик за ангажирање практиканти. Практикантската работа ќе се одвива во филијалите на Микрокредитна Фондација Хоризонти Битола, Велес, Кочани и Струмица а дел ќе биде и теренска работа

Главната цел на практикантската работа е професионален развој на млади Роми кои ќе се стекнат со практично искуство и знаење за работата во финансиските институции и микрокредитирање. Практикантската работа ќе се одвива во период од шест месеци.

Практикантската работа е платена врз основа на важечките законски прописи и буџетот на организацијата.

Одговорности и Активности          

  • Стапува во контакт со потенцијалните корисници и врши презентација и промоција на кредитните продукти.
  • Асистира на Кредитните референти при опслужувањето на новите корисници преку нивно насочување, дополнително контактирање и координирање.
  • Врши дистрибуција на рекламен материјал до места предвидени за таа намена по налог на претпоставениот.
  • Планира, организира и спроведува промоција на кредитните продукти во присуство на вработен од Фондација Хоризонти, на места предвидени за ваков пристап.
  • Води евиденција на дневна основа за реализираните контакти и дистрибуцијата на рекламен материјал.
  • Води евиденција на неделна основа за покриеноста на регионите.
  • Извршува и други активности во склоп на обуката по налог на претпоставениот.

 

Квалификации  

  • Минимум образование – Средно образование (како предност ќе се смета тековни или завршени студии во област на економија, финансии, јавна политика, деловна администрација, банкарство, менаџмент, право или која било област поврзана со микрофинансирање).
  • Основно познавање на англиски јазик.
  • Познавање на ромската заедница и култура. Предност ќе имаат апликантите кои говорат ромски јазик.
  • Одлични комуникациски вештини.
  • Да имаат јасна и мотивирана желба за практично и професионално искуство во проценка на ризик и микрофинансирање.

Лични ставови: самоиницијативност и одговорност, ориентирани кон резултати, фокусирани на постојано подобрување, грижа за квалитет, ефикасност и точност, приспособливост, самоуправување и развој, организациска адаптација, отворен за работа во различни средини, интегритет, лојалност и добра волја , дискреција, независност и доверба, почитување на различностите.

Критериуми за избор                       

Кандидатите ќе се избираат преку натпреварувачки процес врз основа на соодветноста на  кандидатот, минатото искуство и мотивацијата. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Како да аплицирате?       

Можете да аплицирате на македонски или англиски јазик.

Ве молиме поставете ги следните документи во онлајн формуларот за апликација:

1) CV – PDF или Word, максимална големина 10 MB

2) Пропратно (мотивациско) писмо – PDF или Word, максимална големина 10 MB, максимум 700 зборови

Во вашето мотивациско писмо, треба да одговорите на следново: Како можете да ја искористите оваа практика за да се подобрите лично и професионално? Опис на вашите главни вештини и интереси, вклучувајќи ги областите во кои би можеле да ги развиете вештините и краток опис на претприемачкиот статут на Ромите во вашата област; Ве молиме наведете секое релевантно искуство што мислите дека ве прави погодни за позицијата; Дали има Роми претприемачи во вашата област/заедница и каков е нивниот потенцијал?

Овој повик можете да го најдете онлајн на: http://redi-ngo.eu

Ако имате какви било прашања, Ве молиме не двоумете се да не контактирате на redimk@redi-ngo.eu

 

Deadline: 31.07.2023

If you have the required skills and meet the criteria, please send your CV to redimk@redi-ngo.eu, with the subject “Internship MFI”.