• office@redi-ngo.eu

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ / ИСТРАЖУВАЧ

Operating Countries:

Reference: ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ / ИСТРАЖУВАЧ

Deadline: 11 Oct 2021
Start Date: Immediately

Type of position: Full Time

GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.

Опис

Иницијативата за Економски Развој на Ромите – РЕДИ во партнерство со Umwelt Dachverband (Здружение за Животна Средина) од Австрија и European Environmental Bureau (Европска Канцеларија за Животна Средина) објавува повик за ангажирање на Експерт – Истражувач во рамки на проектот „Ромите и КОВИД-19: Подобро и одржливо управување со отпадот”, поддржан од Министерството на Република Австрија за Социјални Работи, Здравство, Грижа и Потрошувачи.
Ангажманот на експертот е предвидено да започне од 13ти октомври 2021 година во Р. Северна Северна Македонија, со финансиска поддршка од Сојузното Министерство на Република Австрија за Социјални Работи, Здравство, Грижа и Потрошувачи.

Кои сме Ние?

Иницијативата за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) е мрежа на невладини организации насочена кон градење на еко-систем за економски развој и финансиска инклузија на ромските заедници во Европа и Балканот. РЕДИ активно спроведува проекти и активности во: Бугарија, Романија, Србија, и Р. Северна Македонија, каде што нуди поддршка за развој на бизнисите раководени од Роми и го олеснува пристапот до финансиски средства од различните финансиски и не-финансиски институции. Мисијата на РЕДИ е да оддржи и создаде +20.000 работни места во ромските заедници во наредните 5 години.

Која е Вашата улога?

Експертот / Истражувачот ќе биде одговорен за спроведување на:

  • Истражување за потребите на собирачите на отпад во Р. Северна Македонија
  • Подготовка на стратешки документи со цел подобрување на политиките за управување со отпад, предлози и препораки до Владата на Р. Северна Македонија во однос на законската регулатива поврзана со активноста на неформалните собирачи на отпад.
  • Истражувањето и препораките ќе бидат напишани на Македонски и Англиски јазик.

Одговорности на Експертот - Истражувачот

  • Развивање на методологија, мапирање и собирање податоци: целта на истражувањето е да ги дефинира активностите и видот на поддршка потребна за собирачите на отпад. Резултатите од истражувањето ќе бидат главна алатка и насока за креирање и застапување на програми и мерки насочени кон подобрување на животниот стандард и работа на собирачите на отпад
  • Анализа на податоци и објавување на истражување: податоците ќе се анализираат врз основа на мапирањето и анализата на потреби.
  • Толкување на спецификациите на истражувањето и развој на работен план кој ги задоволува барањата.
  • Следење на етички кодекс и заштита на сите доверливи информации во текот на спроведување на проектот и по завршување на проектот.
  • Блиска соработка со Проектниот Менаџер за процесот на истражување и развој на студијата.

Критериуми за аплицирање

  • Диплома за истражување или слични области поврзани со истражување;
  • Докажано искуство во истражувачка област;
  • Добро разбирање на методологиите за истражување;
  • Практично искуство во управување со бази на податоци;
  • Познавање на алатките на Microsoft Office;
  • Одлични комуникациски вештини, пишани и интерперсонални вештини;
  • Одлично менаџирање на време и организациски вештини;
  • Познавање на Македонски и Англиски јазик. Познавање на други јазици ќе се смета за предност.

Истражувањето се очекува да се изврши во период од шест месеци.

Deadline: October 11, 2021

Доколку ги поседувате потребните вештини и ги исполнувате критериумите, испратете го Вашето CV на емаил: redimk@redi-ngo.eu, со предмет “„Експерт – Истражувач РЕДИ Рециклажа“”.