• office@redi-ngo.eu

БАРАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА КОНСУЛТАНТСКА УСЛУГА „ Комуникациски и образовен специјалист за одржлив развој и животна средина

Operating Countries:

Reference: Expert for communications and sustainable practices

Deadline: 09.11.2023

Type of position: Full time/Part time

GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.

БАРАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА

ПОНУДИ ЗА НАБАВКА НА КОНСУЛТАНТСКА УСЛУГА

„ Комуникациски и образовен специјалист за одржлив развој и животна средина“

Почитувани,

За потребите на проектот „ Градиме ЕКО Навики “, финансиран од Фондација за Отворено Општество Македонија, Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ Скопје, спроведува постапка за прибирање на понуди за набавка на услуга „ Комуникациски и образовен специјалист за одржлив развој и животна средина“

.

За таа цел, Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите РЕДИ Скопје, Ве поканува да доставите понуда за услугата опишана подолу.

Ве молиме да ни ја доставите вашата понуда за горенаведениот предмет најдоцна до 9 ноември 2023 година во 16:00 часот, на следната е-маил адреса redimk@redi-ngo.eu . Комисијата на РЕДИ Скопје ќе направи евалуација на понудите и ќе Ве информира за избраната понуда.

Со оваа покана ви доставуваме потребна документација која ги содржи сите информации кои ќе ви помогнат за изработка на понудата.

Ви благодариме на соработката.

РЕДИ Скопје                                    

Договорен орган:

Здружението Иницијатива за Економски Развој на Ромите – РЕДИ Скопје.

Предмет на договорот за набавка:

Предмет на договорот е набавка на „ Комуникациски и образовен специјалист за одржлив развој и животна средина“

 

ОПИС НА ЗАДАЧИ

Поврзаност со активности на проектот:

Активност A3:  Обуки за креирање на мрежа од зелени амбасадори кои имаат цел да ја подигнат свеста и да ја вклучат заедницата во одржливи практики за селекција на отпад преку активности, неформални дискусии, мониторинг систем за правилна селекција на отпадот.

  1. Контекст на задачата

 

А5.5: Обуки за креирање на мрежа од зелени амбасадори кои имаат цел да ја подигнат свеста и да ја вклучат заедницата во одржливи практики за селекција на отпад преку активности, неформални дискусии, мониторинг систем за правилна селекција на отпадот.

20 граѓани ќе поминат низ обука за правилна селекција на отпад и ќе бидат назначени како зелени амбасадори, кои потоа ќе го шират своето знаење и вештини со населението и ќе ги обучат како правилно да го селектираат отпадот. Зелените амбасадори ќе имаат за задача да научат нови методи и техники за циркуларната економија, правилна селекција на отпад, начини и механизми за заштита на природата, така што ќе го пренесат своето знаење на своите соседи од зградата. Нашето очекување е дека секој зелен амбасадор ќе обучи минимум 10 луѓе од својата околина и ќе придонесе кон поголема свест и подршка на зелената економија. Преку мрежата на зелени амбасадори вкупно 200 луѓе ќе бидат обучени за правилна селекција на отпадот и поддршка на зелената економија. Зелените амбасадори ќе бидат ангажирани во проектните активности за да ја подигнат свеста и вклучат заедницата во одржливи практики за селекција на отпад. Мрежата на зелени амбасадори ќе придонесе за воведување на нов механизам за одржување практики за почиста околина и по завршување на проектот.

 

  1. Цел на задачата

За реализација на активноста предвидено е да биде ангажирана  компанија или физичко лице со значајно искуство во областа на одржлив развој и животна средина.

Извршителот ќе биде задолжен за остварување на следните задачи:

  1. Да подготви методологија на работење;
  2. Да организира две обуки за зелените амбасадори во полето видови и значење на отпадот, значењето на правилна селекција на отпад, нови методи и техники за циркуларната економија;
  3. Подготовка на содржина за комуникација со јавноста за подигнување на свеста на граѓаните за селекција на отпад;
  4. Презентација на одржливи практики за заштита на животната средина преку управување со отпадот и циркуларната економија;
  1. Опфат на задачата, активности и резултати

Извршителот треба да ги реализира следните активности при релизација на зададените задачи:

  • Да одржи три состаноци со тимот на РЕДИ;
  • Да подготви методологија на работење;
  • Да имплементира две обуки со 20 учесници / зелени амбасадори;
  • Да креира содржина на промотивни материјали и кампањи;
  • Да презентира одржливи практики за заштита на животната средина преку управување со отпадот и циркуларната економија;
  1. Период на имплементација

Селектираната компанија или физичко лице би требало да започне со извршување на задачите на 13ти ноември 2023 година. Периодот за спроведување на задачите од договорот е наведен во табелата подолу.

Реден број

Задача

Предвиден период на реализација

1

Да се подготви методологија за работење

До 16 ноември 2023

2

Да се имплементира еднодневна работилница со 20 учесници

До 20 ноември 2023

3

Да имплементира две обуки со 20 учесници / зелени амбасадори;

До 28 ноември 2023

4

Да креира содржина на промотивни материјали и кампањи;

28 ноември

5

Да презентира одржливи практики за заштита на животната средина преку управување со отпадот и циркуларната економија;

30 ноември

5

Да се поднесе завршен извештај

30 ноември 2023

  1. Финансиска понуда и начин на плаќање

Финансиската понуда треба да биде изразена во денари и да се поднесе во „Прилог 1 – Образец за понуда“. Покрај целосната сума, понудата може да биде претставена и разделена според задачите дадени во табелата погоре. Проектот „ Градиме ЕКО Навики’’ Финансиран од Отворено Општество Македонија.

Плаќањето ќе се изврши по завршување на сите задачи од договорот.

  1. Барања за апликантите

Компаниите кои ќе бидат поканети да поднесат понуди ќе бидат оценувани врз основа на нивната финансиска понуда и портфолиото на компанијата.

За понудата да биде прифатена и евалуирана, компаниите ќе треба да испратат:

  • портфолио на организацијата (професионална биографија (CV) на експертите од областа, референци за компанијата) со кое се потврдува нивното искуство во полето на заштита на животна средина
  • финансиска понуда за целиот ангажман (Прилог 1), и
  • изјава за непостоење на услови за исклучување (Прилог 2)

Физичките лица кои ќе бидат поканети да достават понуди ќе бидат оценувани врз основа на финансиската понуда, доставената професионална биографија (CV) и референци 

Евалуацијата ќе ја спроведе комисија составена од три члена од тимот на РЕДИ. За носител на набавката ќе биде избран оној Извршител чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:

Цена …………………………………………………………………………………………………. 50 бодови,

Портфолио………………………………………………………………………………………… 50 бодови.

За критериумот цена се утврдени вкупно 50 бодови. При евалуацијата, најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена.

За критериумот портфолио се утврдени вкупно 50 бодови. При евалуацијата на понудите врз основа на критериумот портфолио, ќе се земат во предвид претходните ангажмани на компанијата на иста или слична тема како и предметот на овој договор.

  1. Известување, мониторинг и евалуација

Работата на компанијата или физичкото лице ќе биде следена и оценувана од претставници на проектниот тим на РЕДИ. За таа цел повремено ќе бидат организирани состаноци за да се утврди прогресот и да се договорат насоки за следните чекори. Компанијата или физичкото лице ќе има обврска да поднесе завршен извештај за својот ангажман на македонски или англиски јазик. Извештајот треба да биде изразен на најмалку 10 страници и да ги содржи сите материјали кои биле создадени за време на ангажманот, како и да ги одразува активностите кои компанијата ги спровела.

  1. Начин на доставување на понуда

За правни субјекти, понудата се смета за комплетна доколку правниот субјект поднесе  релевантно портфолио на правниот субјект, финансиската понуда Прилог 1 (Образец на понуда) и изјавата од Прилог 2 која се доставува по електронски пат на е-маил адреса: redimk@redi-ngo.mk најдоцна до 09.11.2023  година со назнака (предмет) „ Комуникациски и образовен специјалист за одржлив развој и животна средина“. Понудата и изјавата треба да бидат скенирани со потпис и печат од овластено лице доколку е правен субјект.

За физички лица, понудата се смета за комплетна доколку лицето поднесе  лично портфолио или CV  и финансиска понуда Прилог 1 која се доставува по електронски пат на е-маил адреса: redimk@redi-ngo.mk најдоцна до 09.11.2023  година со назнака (предмет) „ Комуникациски и

образовен специјалист за одржлив развој и животна средина“.

Доколку не е доставена комплетната документација, добиените понуди нема да се земат во предвид при евалуација.

Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Здружението Иницијатива за Економски развој на Ромите РЕДИ Скопје на адреса ул.Црвена вода бр.37-1, или на тел: 02 3060-761, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот или електронски на е-маил адресата: redimk@redi-ngo.eu.

Селектираната компанија или физичко лице ќе биде известено за одлуката во рок од три дена по затворање на повикот. Компаниите кои не биле селектирани ќе добијат известување за изборот откако договорот за ангажман ќе биде потпишан.

Deadline: 09.11.2023