• office@redi-ngo.eu

Бизнис Фасцилитатор - Северна Македонија

Operating Countries:

 
Reference: Бизнис Фасцилитатор - Северна Македонија

Deadline: 10 Jul 2021
Start Date: Immediately

Type of position: Full Time

GDPR Compliance - As part of any recruitment process, REDI NGO collects and processes personal data relating to job applicants. The organisation is committed to being transparent about how it collects and uses that data and to meeting its data protection obligations. Data we collect: your name, address and contact details, including email address and telephone number; details of your qualifications, skills, experience and employment history. Your data will be deleted after six months.

Опис

Иницијативата за Економски Развој на Ромите – РЕДИ бара да ангажира посветени бизнис фасцилитатори во рамките на проектот „РАЗВОЈ  НА РОМСКИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН“, што ќе да се спроведува почнувајќи од 6ти Јули 2021 за период од три години (2021-2024) во  Северна Македонија со финансиска поддршка на Генералниот директорат за преговори за соседство и проширување (DG NEAR) на Европската комисија, Европската унија.

Кои сме Ние?

РЕДИ е регионална невладина организација што ги опфаќа Источна Европа и Балканот, а моментално работи во Бугарија, Романија, Србија и Северна Македонија.

 

Иницијативата за Економски Развој на Ромите – РЕДИ ги поддржува ромските претприемачи во развојот на нивните бизниси и пристапот до достапно финансирање од микрокредитни институции и банки. Мисијата на РЕДИ е да одржи и да создаде +20.000 работни места во ромските заедници до 2023 година, со тоа што ќе им овозможи на постоечките претприемачи да добијат средства за финансирање и услуги за развој на бизнисот  за да можат да го забрзаат растот на нивниот бизнис и обезбедат работни места во ромските заедници.

Вашата улога

Бизнис фасцилитаторите ќе бидат одговорни за мапирање на ромските претприемачи и обезбедување поддршка за развој на нивниот бизнис и аплицирање за финансиски мерки. Тие ќе организират посети на терен и ќе го поддржат тимот на РЕДИ во организирање состаноци и дискусии со локалните ромски претприемачи.

Одговорности

  • Посетување на теоретски и практични модули за обука за бизнис фасцилитирање
  • Мапирање на 120 нови ромски претприемачи и повторно проценување на потребите на постоечките претприемачи во базата на податоци на РЕДИ
  • Поддршка на женски и машки ромски претприемачи да аплицираат за грантови, владини мерки и заеми за развој на нивниот бизнис
  • Организирање на теренски посети, дискусии и состаноци со ромски претприемачи
  • Следење и собирање на податоци за индикаторите за напредок на претприемачите
  • Известување на теренските активности на месечно ниво
  • Учествување на сите состаноци, обуки, настани и други активности на проектот

Барања / Критериуми

  • Завршено средно или високо образование.
  • Искуство во работа со ромската заедница
  • Силна желба и подготвеност за работа на терен
  • Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница на нивните локации
  • Чувство на колективен интерес на ромската заедница и мотивација за позитивни промени
  • Препознатлив во ромската заедница
  • Личност со доверба и интегритет
  • Владеење на македонски / српски јазик. Познавањето на англиски и ромски јазик ќе се смета за предност.
  • Основно познавање на MS Office со фокус на Excel
  • Одлични комуникациски вештини
 

Краен рок: 10 Jul, 2022 година

Доколку ги поседувате потребните вештини и ги исполнувате критериумите, испратете го Вашето CV на емаил: redimk@redi-ngo.eu, со предмет “Бизнис Фасцилитатор - Северна Македонија”.